Вчера (16.03.2026 година) во Охрид, отсекот за превенција при СВР Охрид, одржа тркалезна маса на тема „Родово базирано насилство и семејно насилство”. На средбата, покрај претставници од СВР Охрид, присуствуваа и претставници од основниот суд и јавното обвинителство од Охрид, Центарот за социјални работи, од локалната самоуправа, од школските центри, невладини и младински организации. Целта е јакнење на меѓу институционалната соработка во сузбивањето на семејното и родово базирано насилство, поефективна заштита на жртвите, поблиско информирање за појавните почетни форми и манифестации на семејно и родово базирано насилство, механизми за рано пријавување и интервенирање за заштита на ранливите категории, подигање на јавната свест за превенција и заштита од родово базирано насилство и семејно насилство како и јакнење на довербата во институциите на системот.
Инаку, во периодот јануари-март 2026 година, во СВР Охрид, пријавени се вкупно 18 случаи на семејно насилство додека во истиот период лани, имало 07 пријавени случаи. Оваа година досега, поднесени се 10 кривични пријави против 10 сторители додека во првите три месеци 2025 година, поднесени биле 04 кривични пријави против 04 сторители. Основите по кои се поднесени пријавите се кривичните дела „Телесна повреда“ и “Загрозување на сигурноста“.
Од јануари до март годинава пријавени 18 случаи на семејно насилство во охридскиот регион
Редакцијамарт 17, 2026
posted on











