АктуелноОхрид

На вчерашниот ракометен натпревар собрани 223.860 денари за лекување на Ева

Иако вчерашниот натпревар во Охрид заврши со нерешен резултат, вистинскиот победник беше хуманоста на охриѓани. Граѓаните уште еднаш покажаа дека знаат да се обединат кога е најпотребно, овојпат во поддршка на малата Ева.

За време на натпреварот беше организирана хуманитарна акција, при што беа собрани вкупно 223.860 денари, средства кои во наредните денови ќе бидат уплатени на сметката на Ева за нејзиното лекување.

Од организаторите упатија благодарност до сите граѓани кои се одзвале на апелот и придонеле за успешната реализација на хуманитарната иницијатива.

„Охрид и охриѓани биле, се и ќе останат хумани. Победи заедништвото и сплотеноста во поддршката за најважната битка на нашата Ева“, порачаа организаторите.

Со оваа акција уште еднаш беше потврдено дека солидарноста и хуманоста се вредности што силно живеат меѓу граѓаните на Охрид, кои со срце застанаа зад поддршката за Ева.