Вчера (13.03.2026 година), полициски службеници од ОВР Охрид, ги посетија децата од предшколска возраст во детската градинка „Брешиа“ во Дебар каде, низ типизирана проактивна комуникација, на најмладите им беше објаснета улогата и значењето на полицаецот во општеството, што е безбедност и каква е полициската работа, што се сообраќајни знаци и зошто треба да се почитуваат сообраќајните знаци и им беше извршена презентација, прилагодена на нивната возраст, на дел од полициската опрема што се користи при извршувањето на полициските задачи.
Целта на овој проект е приближување на полицијата до децата како најмлада категорија граѓани, развивање на чувство на припадност и прифаќање на полицијата како нивен пријател но и градење на нивната безбедносна култура.










