На 13.03.2026 година, во ОЕМУЦ Св. Наум Охридски се одржа Регионалиот натпревар во вештини Skills Competition кој оваа година Здружението на ЕМСУ на Македонија ги организира по прв пат како дел од активностите на Проектот, насловен како „Поттикнување на практични и професионални вештини кај учениците за Skills Competition во духот на EuroSkills“, финансиран од Европска Унија и имплементиран од Занаетчиска комора Скопје, на ниво на дражавата.
Учениците се натпреваруваа во следните дисциплини: електротехничар за компјутерска техника и автоматика, електротехничар-енергетичар, автоелектичар, монтер на мотори и моторни возила, каросериски механичар и заварувач.
Учениците од ОЕМУЦ Св. Наум Охридски покажаа солидни резултати.
Учениците Васко Чуркоски во дисциплината Електротехничар-енергетичар под менторство на професорите Горан Јанковски и Марија Настоски и ученикот Филип Цветкоски во дисциплината Автомеханичар под менторство на професорот Ангеле Буџакоски освоија I место
, а учениците Крсте Упески во дисциплината Заварувач под менторство на професорот Ангеле Буџакоски и ученикот Владимир Каланоски во дисциплината Електротехничар за компјутерска техника и автоматика под менторство на професорите Ацо Вретоски и Гоце Георгиевски освоија II место
.
Првопласираните ученици ќе учествуваат на Државниот натпревар во Skills Competition.
Ваквите успеси на нашите ученици се резултат на континуираната работа не само на учениците и нивните ментори, туку и работа на наставниот кадар кој беше ангажиран со цел постигнување на подобри резултати.
Преку овој натпревар се покажа успешноста на концептот на дуалното образование во средното насочено образование.
Им честитаме на учениците и менторите за постигнатиот успех и им посакуваме успех и на Државниот натпревар










