Денеска во попладневните часови се случила сообраќајна незгода со мотоцикл на улицата Аба Семин во Охрид.

Според неофицијални информации, во незгодата нема повредени лица, а причинета е материјална штета. На местото на настанот интервенирала полиција која врши увид со цел да се утврдат околностите под кои се случила сообраќајката.
Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на увидот.











