Вчера (08.03.2026), отсекот за превенција при СВР Охрид во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, по повод Меѓународниот празник на жената 8 Mарт, на припадничките на понежниот пол – учеснички во сообраќајот им подарија цвеќе, пригоден сет подароци и маички со логото „ 8 Mарт-вози одговорно“, како и летоци со практични совети за безбедно управување моторни возила.

Со ова, на припадничките на понежниот пол им го честитавме празникот, искажавме почит кон жените учеснички во сообраќајот и се приклучивме во одбележувањето на меѓународниот празник на жената.












