На 08.03.2026 во ОВР Струга е пријавено дека во 09:00 часот на магистралниот пат Подмољје-Струга, кај селото Мислешево, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничките моторни возила „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице на (20) и „фиат“ со охридски регистарски ознаки, управувано 47-годишната жена , двајцата од Охрид.
При преземање мерки и извршено алкотестирање, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга кај возачот на возило „голф“ констатирале 1,57 промили алкохол во крвта, по што го лишиле од слобода.
По наредба на јавен обвинител, неговото возило е одземено и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.










