АктуелноОхрид

Пецаков: Нека овој ден биде потсетник за почитта и благодарноста што ја заслужувате секој ден

Драги мои охриѓанки, почитувани дами, мајки, сопруги, баби, сестри и ќерки…
‎Нема зборови со кои може да се опише колку е значајна и незаменлива вашата улога во семејството и во општеството. Со вашата сила, мудрост, посветеност и љубов, секојдневно го правите светот поубав и посреќен.
‎Вашиот труд и пожртвуваност се препознаваат во сите сфери на животот, а нашата заедница е посилна токму благодарение на вас.
‎Нека овој ден биде потсетник за почитта и благодарноста што ја заслужувате секој ден. Ви посакувам здравје и уште многу лични и професионални успеси.
‎Среќен 8-ми Март!