АктуелноОхрид

Затекнат малолетник кај струшката населба Тефериќ кој управувал моторно возило без положен возачки испит

На 02.03.2026 во 01:15 часот, при контрола во патниот сообраќај извршена во струшката населба „Тефериќ“, полициски службеници од ОВР Струга од сообраќај исклучија патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки откако утврдија дека возилото го управува малолетник кој нема положен возачки испит и сè уште нема стекнато право за управување моторно возило.
По насоки од јавен обвинител со малолетникот е извршен службен разговор, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.