На 01.03.2026 во 23:40 часот, при контрола во патниот сообраќај на пресекот на улиците „Сатеска“ и „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид од сообраќај исклучија патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки откако утврдија дека возилото го управува малолетник кој нема положен возачки испит и сè уште нема стекнато право за управување моторно возило.
Во присуство на родител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.











