Најновите анализи на примероците од вода, спроведени на 2 март 2026 година од Центар за јавно здравје – Охрид, покажуваат дека квалитетот на водата од изворот Шум е во граници на нормалата.
Според објавените резултати, загадувањето на водата во изворот Шум, како и во водоводната мрежа во Струга и во селата кои се снабдуваат од овој извор, е во дозволени рамки.

И покрај позитивните резултати, надлежните информираат дека анализите ќе бидат повторени во наредните два дена, со цел дополнителна проверка и потврда на состојбата.
До понатамошно известување, граѓаните се повикуваат да не ја користат водата за пиење, а од институциите изразуваат благодарност за разбирањето и соработката.











