АктуелноОхрид

Скопјанец пронашол паричник во Струга и неовластено извршил плаќање со парите и платежната картичка кои биле во него

ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице на (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.