Наш ИзборНаш изборОхрид

Владимир Димитриевиќ прогласен за спортист на годината во Охрид

Членот на Таеквондо клуб Мастер од Охрид, Владимир Димитриевиќ, е прогласен за спортист на годината во Охрид, во рамки на традиционалниот избор „Најдобрите од спортот во Општина Охрид 2025“.

Признанието му е доделено како резултат на постигнатите спортски успеси и континуираните резултати на домашни и меѓународни натпревари, со што Димитриевиќ се вбројува меѓу најуспешните охридски спортисти.

Од Таеквондо клуб Мастер истакнуваат дека ова признание претставува заслужена награда за неговата посветеност, дисциплина и напорна работа на тренинзите, како и мотив за уште поголеми успеси во иднина.

Изборот „Најдобрите од спортот во Општина Охрид“ традиционално ги наградува најуспешните спортисти, клубови и спортски работници кои со своите резултати придонесуваат за развојот и афирмацијата на спортот во Охрид.