АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Теа Донева од БК Аждер со признание „Најдобрите од спортот во Општина Охрид 2025“

Младата борачка Теа Донева од Боречкиот клуб Аждер од Охрид е добитник на признанието „Најдобрите од спортот во Општина Охрид 2025“, кое се доделува за постигнати спортски резултати и афирмација на спортот меѓу младите.

Ова признание претставува потврда за нејзиниот континуиран напредок, посветеност и постигнати резултати на натпреварите во изминатиот период. Од клубот БК Аждер истакнуваат дека успехот на Теа Донева е резултат на секојдневниот труд, дисциплина и напорната работа на тренинзите.

Со освоеното признание, младата спортистка уште еднаш го потврдува својот потенцијал и ја продолжува традицијата на успешни борачи од охридскиот клуб Аждер, а од клубот очекуваат нејзините најголеми спортски успеси допрва да следуваат.