АктуелноОхрид

Во Белград се одржа традиционалната „Охридска вечер“

‎Помоција на туристичките потенцијали на Охрид пред претставниците на туристичкиот сектор од целиот регион, беше целта на традиционалната „Охридска вечер“ која се одржа вчеравечер во Белград, Србија.
‎На свеченоста присуствуваа бројни гости од туристичките агенции, хотелскиот сектор и институции поврзани со туризмот од Србија и неколку Балкански држави.
‎Во рамки на програмата, на градоначалникот Кирил Пецаков му беше доделена специјална повелба од страна на Балканска алијанса на хотелски асоцијации (BAHA), како признание за гостопримството, посветеноста кон соработката и придонес кон заедничкиот успех во развојот на туризмот на Балканот.
‎Охридската вечер е дел од промотивните активности на Општина Охрид во рамки на 47-то издание на Меѓународниот саем за туризам, кој деновиве се одржува во Белград.