АктуелноОхрид

Струшкиот градоначалник го посети изворот во селото Шум, се информираше за моменталната сосотојба со водоснабдувањето на градот

Денеска, градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, го посети изворот во село Шум со цел непосредно да се информира за моменталната состојба со водоснабдувањето.
При увидот беше констатирано дека водата визуелно изгледа чиста. Сепак, Општина Струга нема да донесува заклучоци врз основа на визуелна проценка. Се очекува официјална потврда од надлежните институции и стручните служби дали водата е безбедна и погодна за пиење.
Општината постапува внимателно и одговорно, со јасна определба да не се дозволи пуштање во целосна употреба на системот сè додека не се добие недвосмислена потврда за безбедноста на водата.
Здравјето на граѓаните останува апсолутен приоритет.
општина Струга