АктуелноОхрид

Пронајден и одземен кокаин кај лице од с.Ливада

ОВР Струга поднесе кривична пријава против  лице на (45) од струшкото село Ливада поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
При преглед во патничко моторно возило, во кое се превезувал, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга кај него пронајдоа и одзедоа кокаин.