На 13.02.2026 во 21:50 часот кај месноста „Кореа“ на регионалниот пат Струга-Дебар, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода лице на (40) од Струга затоа што претходно во возило физички ја нападнал неговата сопруга.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.











