ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице на (35) од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
При преглед извршен на кеј „Борис Кидрич“ во Струга, полициските инспектори кај него пронајдоа кокаин, по што беше лишен од слобода.












