АктуелноОхрид

Пецаков: Прличев со своето дело остави длабока трага во нашата историја и ни го покажа патот на знаењето, достоинството и љубовта кон татковината

Во рамки на манифестацијата „Прличеви беседи“, денес присуствував на панихидата на гробот на ловороносецот Григор Прличев и положив свежо цвеќе на неговата спомен-биста пред Градската библиотека.
‎Со богата културна програма, во организација на Општина Охрид, му оддадовме достојна почит на еден од најзначајните македонски просветители, поети и борци за културен и национален идентитет.
‎Прличев со своето дело остави длабока трага во нашата историја и ни го покажа патот на знаењето, достоинството и љубовта кон татковината. Наша обврска и гордост е да го негуваме и почитуваме неговото наследство и да им го пренесуваме на идните генерации.
Нека е вечен споменот за Григор Прличев!