АктуелноОхрид

Кривична пријава за четири лица кои насилно грабнале 23 годишна девојка на ул. „Маршал Тито“ во Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против  лице на (25),  лице на .(35), лице на ( 18) и лице на (21), сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Грабнување“ и „ Соизвршителство при грабнување“.

Пријавените, делото го извршиле на улицата „Маршал Тито“ во Струга, на штета на 23 годишна девојка од Скопје. Откако   ја забележале девојката, извесно време ја следеле и во погоден момент, насилно ја внел во патнички автомобил во што му помогнале останатите пријавени.