Двата карневалски денови на лудило во Вевчани денес го доживуваат својот завршеток.
Со посета на секоја куаќа во Вевчани каде се слави Св. Василија или именден од страна на василичарите и со збирното место во центарот на Вевчани, каде маскираните ќе одиграат на орото се палат маските и со тоа се спушта завесата на годинештото издание на Вевчанскиот карневал.
Многувековна традиција која се негува со посебен акцент на својственото, значајното и традиционалното, каде вевчанци на специфичен начин криејќи ја маската во посебна таинственост ја искажуваат својата бучност, гласност, хумор, сатира и се она што останало неискажано до следниот 13ти јануари.
Како што знаат да кажат од денес веќе почнуваат подготовките и надеждта за следно поуспешно и поубаво карневалско издание за следната година.












