На 29.12.2025 во 10:20 часот во атар на селото Ботун, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода лице на (36) и лице на (30), двајцата од струшкото село Делогожда.
Тие се затекнати како со моторна пила вршат бесправна сеча на буково дрво и кое го товарале во патничко возило „нисан“ без регистарски ознаки.
Возилото и дрвната маса се одземени и предадени на ЈП „Национални шуми“, а по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
фото- архива












