На 22.12.2025 во 09:50 часот на улица „Вангел Николоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода лице на (53) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал и се заканувал на членови на семејството.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.












