АктуелноОхрид

Расте возбудата околу настанот „Волшебна елка“

Како што се наближува денот за доделувањето на новогодишните подароци и исполнување на новогодишните желби на децата во социјален ризик од Охрид и Дебрца, така расте возбудата на волонтерите и вработените во Црвен крст Охрид за подготовка на настанот „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ кој за 2 дена, во четврток, 25.12.2025 година ќе се реализира во Ohrid Mall со почеток во 13 ч.

Изразуваме благодарност до сите добронамерни и хумани луѓе кои  избрале волшебен новогодишен лампион и ја исполниле желбата напишана во него, обезбедувајќи го подарокот и доставувајќи го истиот во Црвен крст Охрид или во аптеката Виа Фарм во Ohrid Mall.

Ги повикуваме оние кои зеле волшебен лампион, а се’ уште не го доставиле подарокот, тоа да го направат во текот на денешниот или утрешниот ден, најдоцна до 15 ч., со цел навремена подготовка на подароците за доделување на дечињата од социјално загрозени семејства.

Доделувањето на новогодишните подароци на децата од ранливите категории ќе се реализира во четврток, 25.12.2025 г. од 13 ч., на предновогодишната забава, во Ohrid Mall.