Изминатиот викенд во Скопје, на пливачкиот базен „Борис Трајковски“, се одржа Зимското национално првенство на Македонија во пливање, во техничка организација на Пливачки клуб Нептун – Скопје.
На првенството учество зедоа 16 наши пливачи кои остварија одлични резултати, покажаа борбеност и спортски дух, и достојно го претставија клубот.


Покрај натпреварувачките успеси, викендот помина во знакот на дружба, позитивна енергија и убави спортски моменти, кои се дополнителна мотивација за понатамошна работа и напредок.
Горди сме на нашите пливачи! 
Продолжуваме уште посилно!












