На 6 декември 2025 година, во 16:20 часот, во поранешни оранжерии на улицата „1 Македонска ударна бригада“, пронајдено е машко безживотно тело.
– По преземени мерки, на 7 декември 2025 година, утврдено е дека се работи за 57-годишниот Зоран Трифуноски од Охрид, кој на 4 декември 2025 година, во 18.25 часот, во СВР Охрид беше пријавен дека се оддалечил од семејниот дом. По наредба на јавен обвинител, денеска врз телото ќе биде извршена обдукција, информираат од СВР Охрид.
Деновиве неговото семејство на социјалните мрежи апелираше до охриѓани за било какви информации во врска со исчезнатиот Трифуноски.












