На 29.11.2025 година во 01:10 часот, во СВР Охрид приведени се лице на (52) и лице на (65), двајцата од охридското село Пештани.
Тие претходно, на регионален пат Охрид – Св. Наум, кај охридската населба „Св. Стефан“, вербално навредувале а потоа и физички нападнале полициски службеници кои преземале службени дејствија.
При извршено алкотестирање, кај едното лице е утврдено 1,63 додека кај другото 0,53 промили присуство на алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.












