На 25.11.2025 во 13:15 часот, на регионалниот пат од Струга кон селото Враништа, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице на (57) од селото Горно Татеши, струшко и велосипед управуван од лице на (65) од селото Враништа, струшко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
На местото, извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга.











