Македонскиот репрезентативец Климент Грозданоски продолжува со одличните настапи на Светското првенство во кик-бокс што се одржува во Обединетите Арапски Емирати. Во дисциплината Кик лајт, Грозданоски забележа сигурна победа со 3:0 против Франц Цошуа Мат Знер од Јужноафриканската Република.

Со овој триумф, тој обезбеди пласман во следната фаза, каде што во борбата за медал ќе се соочи со претставникот на Италија, Франческо Лаконанџело.












