АктуелноОхрид

В недела pop-up настан „Чисто е убаво – Охрид селектира“

ЈП „Охридски Комуналец“ и Општина Охрид Ве покануваат да присуствувате и медиумски да го проследите pop-up настанот „Чисто е убаво – Охрид селектира“ кој има за цел на интересен и интерактивен начин, преку едукативни игри, активности и забава за сите возрасти, да ја доближи темата на селекција и правилно постапување со отпад до граѓаните и посетителите.

Датум: Недела, 16 ноември 2025 година

Време: 11:30 – 13:30 часот

Локација: Градски плоштад, Охрид

На настанот, граѓаните ќе имаат можност да учествуваат во повеќе активности под водство на наставниците и учениците од дел од основните училишта кои се вклучени во едукативната програма на проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“. Преку игра, на забавен начин тие ќе можат да научат повеќе за процесот на селектирање отпад како и за значењето на правилното постапување со отпад. Настанот ќе биде придружен со музика, информативни и едукативни материјали.

Настанот е организиран со поддршка од проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“, финансиран од Шведска и реализиран од SALAR International.