АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Пецаков: Денеска стартуваат подготвителните активности за реконструкција на плоштадот „Крушевска Република“ со кој значително ќе се подобри изгледот на централниот дел на градот

Ми причинува особено задоволство што може да ја информирам јавноста дека денеска стартуваат подготвителните активности за реконструкција на плоштадот „Крушевска Република“ со кој значително ќе се подобри изгледот на централниот дел на градот.
Проектот за реконструкција предвидува ново партерно уредување со гранитни плочки. Ќе биде поставено модерно јавно осветлување и современа урбана опрема. Исто така, предвидено е и соодветно хортикултурно уредување.
Заедно со дел од администрацијата која е задолжена за реализација и следење на проектните активности како и директорите на јавните претпријатија извршивме теренски увид на просторот каде што ќе се одвиваат градежните работи, при што беа посочени сите приоритетни точки.
Вредноста на проектот е 45.000.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Изведувач на градежните работи е АД „Карпош“ од Скопје.