АктуелноОхрид

Двајца охриѓани набавиле марихуана и извршиле препакувања во помали количини за натамошна препродажба

СВР Охрид поднесе кривична пријава против  лице на (55)г.  и лице на (30)г., двајцата од Охрид, , поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Двајцата, неовластено набавиле марихуана и кокаин и извршиле препакувања во помали количини, наменети за натамошна препродажба.

При претрес во домот на едното лице извршен по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција, пронајдоа и одзедоа опаковки со марихуана и кокаин, како и други предмети со остатоци од дрога.