АктуелноОхрид

Пецаков: Вечерва уживавме во искрените насмевки и шарениот свет на нашите најмлади, по повод патрониот празник на градинката „Јасна Ристеска“

Вечерва уживавме во искрените насмевки и шарениот свет на нашите најмлади, по повод патрониот празник на градинката „Јасна Ристеска“.
‎На моја голема радост, имав чест да бидам дел од оваа весела свеченост која ни ги исполни срцата со убавина и уште еднаш ни потврди што е нашето најголемо богатство.
‎Голема благодарност до сите вработени во градинката за нивниот огромен труд, посветеност и трпение во создавањето на оваа прекрасна приредба, посветена на патронот Јасна Ристеска и во чест на 7-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Охрид.