Наш ИзборНаш изборОхрид

Црковниот одбор од село Куратица оствари работна средба со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј

На 22.10.2025 , во административниот центар на Дебарско-кичевската епархија, представници на Црковниот одбор од село Куратица и парохискиот свештеник Оливер, остварија работна средба со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј На средбата, представниците на Црковниот одбор Горан Мицкоски, Насте Јосифоски и Горан Ангелоски му посакаа на митрополитот благословена и плодотворна архиерејска служба, душевно и телесно здравје, просветление и мудрост одозгора, за благобитието на верниците и на сите граѓани и му подарија примерок од алманах со кратка историја на селото Куратица. Во текот на разговорот, го запознавме Високопреосвештениот со состојбите во црковната заедница во селото Куратица и продискутиравме за идните правци и неопходни активности за успешна и плодотворна соработка, во духот на апостолското единство и евангелската љубов, на духовна полза за народот од црковната заедница во селото Куратица.