Граѓаните ги интересираат дела, а не празни зборови!
И покрај сите обиди од страна на опозицијата да се оспори, фактите на терен покажуваат друго. Прочистителната станица во Трпејца се гради!
Денес, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт и врски Александар Николоски, извршивме увид во градежните активности. Првата фаза е во тек. Во втората фаза продолжуваме со изведба на секундарна канализациона мрежа во Трпејца.
Нашата грижа за животната средина и иднината на Охридското Езеро е стварна, а не само на збор. Ние работиме!
Охрид не запира повеќе!











