Најпознат по својата розова боја, во овој месец се одржуваат голем број кампањи и програми, кои ги спроведуваат здруженија и организации и нудат поддршка на луѓето на кои им е дијагностициран рак на дојка, вклучувајќи едукација на луѓето за факторите на ризик за рак на дојка, а исто така ја нагласуваат и важноста од редовен скрининг.
Ракот на дојка е најчест малигном кај жените, но навременото дијагностицирање овозможува висока успешност во лекувањето. Со подигнување на свеста, едукација и поддршка, можеме да придонесеме кон подобро здравје и подолг живот за секоја жена, велат стручните лица од нашиот регион.
Организацијата на унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК ОХРИД одржа трибина на тема превенција, откривање и лекување на рок на дојка.

Трибината се организира по повод одбележувањето на меѓународната здравствена кампања, „Розов октомври“, месецот на борба против рак на дојка. Годинава мотото на кампањата е „Заедно до подобро здравје“. ВМРО-ДПМНЕ како партија со демохристијанска идеологија, секојдневно преку делување и активност, ги потврдува своите втемелени вистински вредности, со покажување на почит кон сите граѓани и секаков вид на случувања. Затоа, покрај активностите цврсто поврзани со општествено-политичката определба, континуирано се посветува внимание и на теми што го засегаат обичниот човек во неговото егзистирање.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ при ОК Охрид, во рамките на својата годишна програма на активности и со посветена работа, овојпат става акцент на актуелна тема од областа на здравството. На трибината говореа врвни стручњаци од својата област – Горан Маркоски, директор на Јавната здравствена организација, Општа болница – Охрид., доктор Тони Чифлигароски, специјалист радиолог, раководител на Одделот за радиологија при Општа болница Охрид, каде функционира и кабинет за рак на дојка, со проближно 3 000 мамографски и ехо прегледи годишно, доктор Симон Локоски, специјалист по општа хирургија, со завршена специјализација во Клинички центар Белград. Тој е вработен во ЈЗУ Општа болница – Охрид, на одделението за хирургија.

Според статистичките податоци во светски рамки, за жал, ракот на дојка е најчестата форма на рак кај жените. Првпат идејата за организирање на кампања во борбата против ракот на дојка се појавила во 1985 година од Американското здружение за борба против ракот, а потоа е усвоена во многу земји во светот, меѓу кои, во последните години се придружува и Македонија. Розовата боја е симболот на борбата против оваа болест и на надежта и пребродувањето. Симболот е општо прифатен во целиот свет.

Ракот на дојка е втор најчест карцином во светот и број еден кај жените. Годишно се регистрираат 2.296.840 нови случаи. Во Македонија во 2022 и 2023 се регистрирани околу 1.200 новозаболени.
Според Институтот за јавно здравје 2022 год. 168 пациенти се на возраст од 20 до 45-годишна возраст.

ЗОШТО НАСТАНУВА?
МУЛТИФАКТОРИЈАЛНИ ПРИЧИНИ:
• Возраст: Да се има 55 или повеќе години.
• Пол- женски
• Семејна историја: блиски роднини по женска линија
• Изложеност на зрачење: Претходна терапија со зрачење – особено на
главата, вратот или градите
• Хормонска заместителна терапија: Луѓето кои користат хормонска
заместителна терапија имаат поголем ризик да бидат
дијагностицирани со оваа состојба.
Хемиски соединенија од “PET” амбалажа
Менструација на рана возраст.
Жените со рана прва менструација се изложени на поголем ризик од појава на оваа болест
Доцна менопауза.
Кај жените чија менопауза започнува во возраст над 55 години, се зголемува веројатноста од појава
Прво породување по 35-годишна возраст.
Жените кои имаат прво дете на возраст над 35 години, имаат 40% поголем ризик да заболат од рак на дојка.а рак на дојка.
Генетика:
До 15% од луѓето со рак на дојка ја развиваат болеста затоа што имаат наследни генетски мутации.
Најчестите генетски мутации ги вклучуваат гените BRCA1 и BRCA2.
Жените кои наследуваат мутација во овие гени имаат значително зголемен ризик да развијат рак на дојка (помеѓу 45% и 72% животен ризик) и/или рак на јајници.
Доколку забележите некаков симптом или знак поврзан со дојката важно е да не паничите. Иако овие симптоми никогаш не треба да се игнорираат, клучно е да се запомни дека тие не секогаш укажуваат на карцином.
Може да има различни причини за промени во градите, како што се хормонални флуктуации или бенигни состојби. Сепак, секогаш е најдобро да побарате совет од здравствен работник. Консултацијата со лекар за понатамошна евалуација и преглед.
ПРЕВЕНЦИЈА
Самопреглед
Редовни контролни прегледи- Ехо на дојки, Мамографија, МР
Организиран скрининг на дојки
Жени во репродуктивен период 5-7 дена по почнување на месечниот циклус
Жени во менопауза секој месец на ист датум
Начин на изведување
Застанете пред огледало и погледнете дали се дојките се поставени во иста или скоро иста висина ( кај жени што доеле понекогаш едната дојка е поставена повисоко од другата).
Воочете доколку брадавицата е вовлечена (дали била од секогаш вовлечена или е од пред некое време)
Во седната или стоечка позиција се мали прават кружни движења на целата дојка и лесен притисок на брадавката за исцедок
Рендгенска снимка на дојката која може да открие мали промени што не се чувствуваат при палпација.
Најдобар метод за скрининг на рак на дојка кај жени над 40 години.
Открива калцификации и други рани знаци на малигни заболувања.
Редовно се препорачува како дел од превентивните здравствени прегледи.
Се изведува со минимална изложеност на радијација.
Дали мамографијата е болна?
Мамографијата може да биде непријатна, но обично не е болна за поголемиот дел од жените.
Статистички, околу 60–75% од жените пријавуваат блага до умерена непријатност, а само 5–15% пријавуваат вистинска болка.
Големина и чувствителност на дојките, менструален циклус (поголема чувствителност пред менструација), техника на снимање, искуство на радиолошкиот техничар, типот на мамоматот.
Зошто може да се јави непријатност?
Притисокот трае само неколку секунди по секоја слика. Целата процедура обично трае 5-10 минути.
Зошто може да се јави непријатност?
Притисокот трае само неколку секунди по секоја слика. Целата процедура обично трае 5-10 минути.
Докторите Горан Маркоски, директор на Јавната здравствена организација, Општа болница – Охрид., доктор Тони Чифлигароски, специјалист радиолог, раководител на Одделот за радиологија при Општа болница Охрид, и доктор Симон Локоски, специјалист по општа хирургија се категорични дека со подигнување на свесноста за самопреглед, редовни контролни прегледи и скрининг на дојки, и разбивање на митот за болна мамографија, Карциномот на дојка откриен во раната фаза е еден од ретките малигни болести со петгодишно преживување 99%.













