АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ВИДЕО) Одбележана детската недела под мотото „Детето денес – иднината утре“

Денес во ОУ „Јосип Броз Тито “ во Струга беше одржана пригодна манифестација на која беше одбележана Детската недела под мотото „Детето денес – иднината утре“ а воедно им беше посакано топло добредојде на новите првачиња кои зачекоруваат во еден нов свет за нив, во една нова средина полна со енергија, другарство и заедничко споделување.

 

Од страна на повозрасните другарчиња од второ, трето и четврто одделение им беа подготвени пригодни музички точки со детски песнички наменети за настанот.

 

Притоа со свое ветување и музичка точка се претставија и првачињата од ова училиште. Тие ветија дека ќе ги почитуваат своите наставници, ќе ги решаваат своите зададени задачи како и чесно другарување со своите другарчиња во училишниот двор.