Преку конкретни поддршки, интензивни промоции и организирање на настани надвор од туристичката сезона, успеавме да привлечеме гости и да го раздвижиме градот.
Од културни манифестации до спортски настани – докажавме дека можеме! Подобрувањето на патната инфраструктура овозможи полесен пристап до туристичките места.
Имаме идеја, знаеме како и можеме да придонесеме за уште поголема туристичка промоција на градот.
Продолжуваме посветено да работиме на стратегијата за туризам 2025 -2030 која ќе ни даде јасна насока. Продолжуваме и со останатите активности со цел да имаме уште поубав Охрид!
Охрид не запира повеќе!











