Две лица се повредени во сообраќајна незгода која се случи попладнево на раскрсницата кај „Охрид мол“. Во незгодата учествувале патничко моторно возило ауди и моторциклист. Повредени се две лица кои се префрлени во болница.
Едниот патник од моторциклистот удрил во шофершајбната од возилото со глава. Двете лица од моторот не носеле заштитни кациги.












