АктуелноОхрид

Охриѓанец се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи за приватна фирма во Охрид

На 18.09.2025 околу 10:30 во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Радојца Новичиќ“ во Охрид, лице на (58) од Охрид се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи за приватна фирма од Охрид.

Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“, каде му се констатирани повредите и му е укажана помош. Се работи на расчистување на случајот.