АктуелноОхрид

Стружанецот Коста Хиохи ја предводи листата за советници од ВМРО ДПМНЕ Струга

Исправени пред предизвиците и проблемите со кои со години се соочува нашата општина, убедени сме дека дојде време Струга конечно да стане вистински сервис на граѓаните, да биде просперитетна општина.
За таа цел, ВМРО-ДПМНЕ спроведе сериозни анализи и истражувања не само за проблемите со кои се соочуваме, туку и за најдобрите можни решенија. Посебно внимание посветивме на профилот на кандидатите кои ќе ја претставуваат партијата во Советот на Општина Струга.
Главни предуслови за номинација беа личен и професионален интегритет, посветеност кон јавниот интерес, стручност, препознатливост и прифатеност од заедницата. При тоа, изборот беше направен врз основа на јасни критериуми и во демократска атмосфера.
При изборот на соодветни кандидати, се водевме од принципите на стручност и компетентност, а во насока посветено и транспарентно да работат на зацртаните цели и во остварување на ветените проекти, мерки и други обврски од програмата – вредности што ќе бидат темел на нашето делување во Советот.
Луѓето кои ги предлагаме се професионалци, докажани во своите области, добро запознаени со проблемите на нашата општина и подготвени да изнајдат вистински решенија.
Со гордост ви ја претставуваме листата од 23 кандидати за советници со непоколеблива решителност да ја направат Општина Струга поубаво место за живот, каде следните генерации ќе ја гледаат својата иднина.
Со чест и задоволство, ОК ВМРО-ДПМНЕ Струга.