Во Скопје на 9 септември се одржаа 29те пензионерски спортски натпревари во организација на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија , на кои учествуваа 43 здруженија на пензионерите од Македонија во 11 спортски дисциплини во машка и женска конкуренција.
Спортистите пензионери од општините Охрид и Дебрца се претставија во најдобросветло со постигнати одлични успеси освојувајќи: 3 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали, 2 четврти места 1 петто место и 1 седмо место, освојувајќи го првото место со вкупно 100 бодови и се добитници на голмиот пехар од организациониот одбор за 2025г.

Второто место го освои ЗП Тетово со 83 бодови, третото место го освои ЗП Пробиштип со 68 бодови, летвртото место го делат ЗП Куманово и ЗП Гази Баба со по 62 бодови, петтото место го освои ЗП Прилеп со 48 бодови и шестото место го освои ЗП Битола со 42 бодови.
Оваа победа и освојувањето на ваквиот успех не е случајност, тоа е резултат на големата посветеност , подготовки, желба за победа и борба за секој освоен поен, бод, секунда, сантиметар и добиена партија на сите пензионериспортисти, капитените на екипите, судиите, организаторите -управата на ЗП Охрид и Дебрца.
Со сегашниот постигнат успех спортистите пензионери-ки испишаа историја во своето спортско пензионерски живеење, освојувајќи го пехарот за севкупен победник по 9ти пат, од вкупно 29 досегашни спортски натпревари на СЗПМ.
Комисија за информирање при ЗП Охрид и Дебарца












