АктуелноОхрид

КУД „Далги“ при ЗП Охрид и Дебрца дел од петтата смотра на ветераните “Заиграј оро“

Пензионерското КУД „Далги“ од Охрид на 6 септември учетвуваа на петтата смотра на фолклорот со новопоставениот сплет на песни и ора „На Гумења на Илинден“  од коселско планинскиот охридски регион.

Највозрасните играорци ја воодушевија публиката со својата оригиналност и сценската изведба на својата програма со машкото оро „За  рамо“ , женското „Свинишко оро“, и мешаното оро „Елено моме“ сите пропратени со музичка придружба на гајда и тапан, со што измамија громогласен аплауз од публиката.

Членовите на КУД „Далги“ се вистински чувари на фолклорното богатство од нашиот поширок охридски крај.

Изборот на песните, ората и кореографијата се на уметничкиот раководител Ристо Трајкоски.

На фолклорната смотра што се одржа во домот на културата „Браќа  Миладиновци„  во Струга учествуваа 13 културно уметнички друѓтва и ансамбли од поранешните ЈУ простори и тоа Србија, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија, сите прикажаа своја традиционална богата фолклорна програма.

Изразуваме голема почит и благодарност за поканата за учество и одличната организација на оваа смотра на фолклорот од страна на КУД „Ѓердан од бисери“ од Охрид.

 

 

 

 

Комисија за информирање при ЗП Охрид и Дебрца