АктуелноОхрид

Пецаков: Нека ни е честит и вековит денот на независноста на нашата татковина

‎На 8-ми Септември 1991 година, единствени во намерата за да бидеме свои на своето, на нашиот трет Илинден, храбро, одлучно и одговорно го остваривме вековниот сон за слободна, независна и суверена Република Македонија.
‎Наша е обврската да го сочуваме наследството за кое нашите предци се избориле. Она што тие ни го оставиле да им го предадеме на поколенијата.
‎Треба да знаеме кои сме за да знаеме што сакаме да бидеме. Треба да знаеме што имаме за да знаеме што сакаме да стекнеме. А, сакаме и целиме кон значаен напредок на Македонија во сите сфери од општественото опстојување, подобри услови за живот на нашите деца. Сите заедно да допринесуваме за доброто на демократска и мултиетничка Македонија.
‎8-ми Септември е ден за љубов кон нашата татковина. Да ни е вековита Република Македонија.