Да се отвори ново училиште значи да се отвори нов пат кон иднината. Денес со гордост можеме да кажеме дека оваа општинска власт сериозно го трасираше патот кон иднината, затоа што по повеќе од 50 години, Охрид доби ново училиште.
Училиштето „Кочо Рацин“ не е само инвестиција во градежни материјали и опрема, тоа е инвестиција во знаење, во вредности и во човечки потенцијал.
Местото каде што некогаш стоеше нефукционална зграда, сега прерасна во модерен и безбеден образовен објект, училиште какво што заслужуваат нашите ученици. Вкупната инвестиција во овој капитален проект изнесува околу 90 милиони денари, средства со кои се овозможи темелна реконструкција, адаптација и опремување на овој простор.
Општина Охрид покажа дека стои цврсто зад образованието како приоритет. Во време кога светот се менува со невидена брзина, токму вложувањето во училиштата е најсилниот одговор и најдоброто наследство што можеме да им го оставиме на нашите деца.











