АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Голем пожар во близина на село Октиси

Во близина на селото Октиси, на локацијата Октишка Краста, денеска избувна пожар од поголеми размери кој претставува потенцијална закана за имотот на жителите, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).На терен се екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струга, заедно со дел од месното население. Според проценката на командирот на ТППЕ Струга, пожарот се шири на непристапен и специфичен терен, што го прави гаснењето од копно речиси невозможно.Поради тоа, по барање на градоначалникот на Струга, испратено е официјално барање за ангажирање на авион. Дирекцијата за заштита и спасување веќе испрати „ер трактор“ кој е на пат кон местото на пожарот.

 

 

 

https://www.facebook.com/share/r/1AYSrefXf6/