Традиционално и оваа година, во свештената Пречистанската обител беше симболично одбележан почетокот на неколку дневниот коњанички подвиг на „Манастир Пречиста-Кичевска Коњаница “.
Група млади родољубиви луѓе, организирани од „Здружение за Културни и Историски Вредности
МАНАСТИР ПРЕЧИСТА – КИЧЕВСКА КОЊАНИЦА “ од Кичево облечени во комитски носии, дојаваа синоќа во Пречистанскиот манастир, кој некогаш бил важен центар на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација, и кој во далечната историја многу допринел за развој и подршка на идеалите на органицаијата за ослободување на Татковината.
Утрово, комитите најпрво учествуваа на манастирската богослужба, а потоа свечено пред Светото Писмо, револвер и кама дадоа заклетва за верност кон револуционерното ослободително дело – онаа иста заклетва што некогаш морале да ја положат сите членови на Македонската револуционерна органзација.
„Нека ви е честито и од Бога благословено патувањето за нашето славно Крушево, и нека споменот за тоа Крушево и востанието остане засекогаш силно врежан во нашите срца! Секогаш добро да се сеќаваме на сето она што го направиле нашите богољубиви предци за слобода на нашата татковина, а вредностите што со многу труд тие ги постигнале, положувајќи ги дури и своите животи за ближните и татковината, верно да ги чуваме и да ги пренесеме на нашите идни поколенија.
Да бидат благословени и нека ни е честит големиот празник што ни доаѓа“. Амин!











