АктуелноОхрид

Пецаков: Протоколарна средба остварив денес со Амбасадорот на Италија Н.Е. Паоло Палминтери

Протоколарна средба остварив денес со Амбасадорот на Италија Н.Е. Паоло Палминтери.
Разговаравме за унапредување на меѓусебната соработка со можност за остварување директна соработка помеѓу општина Охрид и градови од Италија со кои Охрид има слични карактеристики.
Исто така се разговараше и за соработки во други области како образование, туризам , култура. Го запознав Амбасадорот со тековните проекти кои се реализираат во Охрид, како и за планираните активности кои ќе се реализираат во иднина.