Во тек се активности за асфалтирање и подготивителни активности за асфалтирање на неколку улици и краци од улици на територија на Општина Охрид.
На крак од улицата „Дејан Војвода“ во моментов се врши асфалтирање, додека на улицата „Александар Турунџев“ се одвиваат подготвителни активности за асфалтирање.
За првата улица средствата се обезбедени директно од буџетот на Општин Охрид, додека за другата се обезбедени преку Светска банка.
Продолжуваме со активности за подобра инфраструктура во Охрид.












